Македонскиот суперлигаш Еурофарм Пелистер од Битола го претстави своето ново засилување за следната сезона. Во Битола доаѓа талентираниот босански ракометар Едвин Џелиловиќ. Се работи за 23-годишно десно крило, кое во битолскиот суперлигаш ќе пристигне од редовите на Извиѓач.
-Талентот и квалитетот е неспорен, затоа патиштата ни се спојуваат. Босанскиот интернационалец Едвин Џелиловиќ е нов член на Еурофарм Пелистер. 23-годишното десно крило од Тузла потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер и доаѓа во најракометниот град со големи очекувања. Џелиловиќ ја надмина средината и со серија на титули со Извиѓач ќе пристигне во Македонија. Покрај за овој клуб кој доминира во шампионатот на БиХ, Џелиловиќ го носеше дресот и на Грачаница. Висок е 189 сантиметри и тежок 69 килограми, а во поселдните години остави траги играјќи во Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп“, стои во објавата на клубот, соопштија од Еурофарм Пелистер.
Едвин Џелиловиќ ќе биде официјално претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27 во јули годинава.








