Вардар – Еурофарм Пелистер 29:30
Кадетскиот шампион РК Еурофарм Пелистер од Битола продолжува со одличните настапи и во младинската лига. Во уште еден неизвесен и квалитетен натпревар, нашите кадети славеа на гостувањето кај Вардар 1961 со 29-30 и ја запишаа четвртата победа оваа сезона над вечниот ривал.
Со одлична тимска игра и сигурност на голот од Мацанковски Јован и Пајковски Василиј, зелено-белите стигнаа до уште една победа, под водство на тренерите Фарук Мемик и Стевче Стефановски.
Стрелци на головоте: Георгиев Андреј 10, Василевски Стефан 10, Симоновски Јован 8, Мијалчев Горазд 1, Бојчевски Бојан 1 Состав: Пајковски Василиј и Мацанковски Јован (голмани), Дуковски Александар, Кочанов Лука, Кебаковски Томислав, Вељановски Павел, Мијалчев Горазд, Бојчевски Бојан, Здравковски Давид, Василевски Стефан, Георгиев Андреј, Шоповски Дамјан, Симоновски Јован и Шарковски Стефан Тренери: Фарук Мемик и Стефановски Стефче








