Фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола 17. година по ред, ја одржа својата традиционална годишна забава во ресторанот “Вила Виста“.
Во пријатна и топла атмосфера, опкружени со пријатели, соиграчи и верни поддржувачи, ФК Јени Маале го прослави крајот на фудбалската сезона со традиционалната годишна забава, која го носи редниот број 34.
Настанот започна со обраќање на капитенот Никола Пискачев, во негов стенд-ап стил, каде со многу хумор им ги кажа сите недостатови кои се воочени кај тимот и поединците, а се осврна на минатата сезона, како и на возбудливото патување во Португалија, каде играа пријателски натпревар во Лисабон.
Исто така, најави нова фудбалска авантура, за идната година, тоа ќе биде Романија, а и тоа дека се работи на гистување на некоја океанска земја, а сите ја посакуваат Аргентина.
Традиционално, беа прогласени најдобрите поединци во клубот за оваа сезона: најдобар голман – Александар Димовски, најдобар одбрамбен – Петар Ристевски, најдобар во средината – Владимир Крстевски, најдобар напаѓач – Васко Наумовски и најдобар стрелец – Александар Митревски.
Најдобар тренер Тоде Блажевски, МВП Никола Пискачев, а беше доделена и посебна награда за најдобро облечен и промотор на модата во клубот Јени Маале – Андреј Лозановски.

ФК Јени Маале им изрази искрена благодарност на своите спонзори и поддржувачи, кои се неразделен дел од успехот на клубот.
Преку вибер комуникација и видеа беа поздравени сите членови на Јени Маале кои моментално се во странство, Дугалот, Јошката, Ламбе…
Меѓу гостите на забавата беа и познатите фудбалски имиња – Митко Стојковски, Тони Мицевски и Вангел Алтипармаковски, помошник-тренер во Пелистер и на У19 репрезентацијата на Македонија.
Текст и фото: Сашо Ристевски










