ТФТ – Пелистер 86:90
Кошаркарите на Пелистер од Битола го освоија третото место за сезоната 2025/26 во кошаркарскиот шампионат на Македонија откако славеа со 86-90 на денешната мајсторка на гостински терен против ТФТ, за 2-1 во победи во оваа плејоф-серија. „Пелистерци“ на овој дуел беа дополнително ослабени со неиграњето на Брејси Дејвис, но сите останати покажаа и карактер и квалитет, давајќи свој придонес да се стигне до посакуваниот триумф.
ТФТ отвори со водство од 50-44, но Пелистер набрзо се консолидираше, се врати резултатски, а потоа и повторно ја презеде контролата поведувајќи со 53-61 со серијата поени на Вилсон. Пелистер имаше и 53-65, но повторно краток период на невнимание му овозможи на домаќинот да се приближи на 61-65, за нов тајмаут на Даскаловски. Кризата во нападот продолжи, Пелистер не постигна ниту поен во последните три минути од третата четвртина, па во последниот период се влезе со 61-65 за битолскиот клуб.
Пелистер имаше водство од 66-71, но неколкуте грешки во нападот им овозможија на домаќините да се вратат и за нецела минута да поведат со 72-71. Советите на Даскаловски не вродија со плод, ТФТ набрзина поведе со 77-71, па стратегот на Пелистер мораше веднаш да земе уште еден тајмаут. Домашната предност од 79-73 експресно ја истопивме со тројките на Стајиќ и на Крстевски, потоа и поведовме со положувањето на Крстевски (79-81 на четири минути до крајот). Пелистер имаше 81-88 и напад на 80 секунди до крајот, битолчани сепак дозволија домаќинот да се приближи на 86-88, по што беше направена лична грешка врз Малешевиќ на 14 секунди до крајот. Српскиот ас биеше прецизно, ставајќи печат на победата, на крајот изразена со конечните 86-90.
Дамјан Крстевски одигра уште еден одличен меч и со 23 поени ги предводеше стрелците на Пелистер, Џенкинг постигна 18, Малешевиќ 17 поени, а двоцифрен ефект во последниот овосезонски меч имаа и Вилсон со 16 и Стајиќ со 14 поени.









