Во Новаци свечено беше отворен 14. по ред меморијален турнир во мал фудбал “Пеце Матичевски“, спортска манифестација која веќе традиционално ги обединува љубителите на спортот, дружењето и фер-плејот.
На свеченото отворање присутни беа членови на семејството на загинатиот бранител Пеце Матичевски, а турнирот го отвори градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски, кој нагласи:
-Овој турнир претставува повеќе од спортски настан, тој е симбол на почит и сеќавање на прерано загинатиот војник Пеце Матичевски. Преку спортот го чуваме споменот на човек кој остави значаен белег во нашата Македонија. Им посакувам успешни натпревари на сите учесници, фер и спортска игра, а на посетителите пријатни моменти исполнети со позитивна енергија и навивање.
Претходно, по повод одбележувањето на 25-годишнината од загинувањето на бранителите Влатко Миленковски, Пеце Матичевски и Благојче Силјановски, беше оддадена почит на нивната жртва и херојствома гробиштата во Новаци каде е вечниот дом на Матичевски, и кај споменикот „Ангел“ кај Саат-кулата во Битола и споменикот кај Касарната изградени во нивна чест и спомен.

Во Новаци започна 14. еморијален турнир во мал фудбал “Пеце Матичевски“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и топло, температурата до 30 степени
- Во Битола свечено отворено Балканското првенство во џудо до 14 години (фотогалерија)
- Даниело Божиновски од Битола нов претседател на Федерацијата за планинарство на Македонија
- Билтен на МВР: битолчанец “фатен“ дека вози без возачка
- Диего Басанесе хрватски младински репрезентативец нов член на Еурофарм Пелистер
More from СпортMore posts in Спорт »
- Во Битола свечено отворено Балканското првенство во џудо до 14 години (фотогалерија)
- Даниело Божиновски од Битола нов претседател на Федерацијата за планинарство на Македонија
- Диего Басанесе хрватски младински репрезентативец нов член на Еурофарм Пелистер
- Битола денес и утре центар на балканското џудо
- Репрезентативката Леа Бошевска со златен медал и титула најдобар борец во сениорска конкуренција Балканското првенство во Нови Сад







