Press "Enter" to skip to content

Во Битола свечено отворено Балканското првенство во џудо до 14 години (фотогалерија)

Денес во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола свечено беше отворено Балканското првенство во џудо за деца до 14 години.Натпреварувачите кои ги има повече од 400  (момчиња и девојчиња) од повеќе балкански џудо-федерации (Македонија, Молдавија, Романија, БиХ, Црна Гора, Турција, Кипар, Албанија, Грција, Бугарија, Косово) ќе ги покажат своите вештини, спортски дух и борбеност на ова престижно првенство.На ова балканско првенство Битола е домаќин на вкупно 600 лица, џудисти, судии, тренери, лекари… кои три дена ќе бидат во нашиот град, вчера и денес на квалификациите, попладнево на свеченото отворање и првите финални натпревари и доделување на медали.Илија Ристески од министерсвото за спорт пред свеченото отворање рече: -За мене и за Министерстото за спорт претставува посебна чест и задоволсто што можеме да бидеме дел од ваков настан кои ќо одбележи спортот, младоста и дисциплината која ги краси овие дечиња, а така и ќе продолжат во нивниот живот во нивните карактерни особини низ текот на животот. Ви посакувам успех на сите учесници и голема честитка кон престедателот на џудо федерацијата на Македноја и целиот тим за организацијата на ова првенство, а на Битола за гостопримството за сите учесници. Претседателот на џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски на чинот на отворањето на првенството рече:-Голема е честа на џудо федерацијата на Македонија и јас како нејзин прв човек да бидеме домаќини на ова Балканско првенство. Денес ја славиме оваа боречка вештини, јас славиме дисциполината на младите џудисти, пријателството меѓу нас и фер-плеј на младите балкански џудисти. Ви посакувам на сите на уживате во ова првенство, но и да стекнете и нови пријателства, но и убави борби за медал. Имајте убави денови во Битола.Шампионатот за отворен го прогласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој рече:-Тука сме да бидеме добри домаќини, а за Битола да организира ваков балкански шампионет во џудо за млади до 14 години за нас претставува многу, честа е огромна. На четири татами се одвиваат натреварите, нека победат најдобри, а одличната организација на првенеството ќе ја “однесе“ Битола и подалеку од Балканот. Со нас е почесната конзулка на Грција во Битола. Ние градиме спортска сала за боречки спортови, каде и цудистите че си го најдат своето место. Спортистите и гледачите ги поздрави и првиот човек на Балканската џудо асоцијација, Бранислав Црногорац, а на отворањето присуствуваа и високи претставници на Балканската џудо асоцијација, претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, првиот човек на ЏК Пелистер, Ѓуро Илиќ и стотици вљубеници на џудо спортот и боречките вештини.Претседателот на џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски додели плакети на заслужни спортски работници од Македонија и Балканот, како и на директорот за судии на Балканската федерација и директорот за медија. Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ) се заблагодари на Битола и ЏК Пелистер за овој голем џудо-спектакл.По свечениот дел се одржаа и првите финални натпревари, а најдобри во попладневната сесија беа младите од Турција.Утре претпладне продолжуваат натпреварите е последните финални натпревари се закажани по 14 часот.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »