Press "Enter" to skip to content

Трета награда за Анета Љумаковска, Јане Динев и “Анета Бенд“ и песната “После се“ на Валандово 2026

Валандово синоќа повторно беше центарот на македонската песна, традицијата и музичката емоција. На големата фестивалска сцена беа изведени 20 нови композиции, создадени за 39. издание на најреномираниот македонски фестивал за новокомпонирана народна музика.

На сцената оживеа македонската песна во своето најубаво издание, а публиката уште еднаш покажа дека Валандово е градот на музиката, традицијата и безвременските мелодии. Учесниците донесоа нова енергија, современ звук и песни кои ќе останат да се пеат. Вечер исполнета со музика, емоции и моменти за паметење.

Во прекрасна фестивалска атмосфера, вечерва беа прогласени победниците на Фолк Фест Валандово 2026, а награда за најдобра песна му орипадна на “Градче мое убаво“ – Христијан Божинов – Кико. Втора награда за “Солзи немам“ – Благица Калева, а третата награда е за “После се“ – Анета Љумаковска, Јане Динев и “Анета Бенд“.

Награда за најдобар анражман за “После се“ – Томислав Коцевски – Пепси (инт. Анета Љумаковска, Јане Динев и “Анета Бенд“)
More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »