Општина Битола денеска организираше граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“. Преку форумот граѓаните имаа можност да ги изнесат своите мислења и согледувања насочени кон разубавување на нашиот плоштадот.
Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој рече дека Општина Битола како транспарентна општина со оваа прва форумска сесија сака јавно да се слушне мислењето на стручната фела и на граѓаните, за да се имплементира вистинското решение, како ќе изгледа во иднина овој плоштад кој сега се користи како паркинг простор.
„Твоја идеја, наш плоштад“ е мотото, односно целта на овој форум, како да стигнеме до идеалното решение. Затоа важно ние и Вашето мислење, мислењето на граѓаните кои со свои предлози ќе учествуваат во решението на како што велиме нашиот плоштад, плоштадот на граѓаните на Битола, на битолчани.
-Со ова уредување, односно пешачката зона, центарот на Битола се ослободува од сообраќајниот метеж, се намалува бучавата од автомобилите, а со тоа и од загадувањето. Ова ќе биде место каде граѓаните ќе можат спокојно да одморат, да уживаат во убавината на центарот на градот“ рече меѓу другото градоначалникот Коњановски.
На форумот присуствуваше и претседателот на Советот Бојан Бојкоски, заменик градоначалничката Марина Крстиќ, како и стручни лица од администрацијата на Општина Битола кои ја презентираат состојбата, односно она што е согласно урбанистичките планови.

Прв граѓански форум за уредување на плоштадот “Гоце Делчев“ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- „Градот чита поезија“ – 10 обновени клупи, 10 приказни, многу стихови и еден град што чита
- Двојното винил издание на “Фолтин“ промовирано со слушачка сесија во Божиновски Галерија
- УКЛО Битола, дел од Европската универзитетска алијанса КОЛОРС и ПСУ САБА склучија Меморандум за соработка
- СВР Битола: битолчанец “фатен“ во Прилеп – возел со 2,17 промили алкохол во крвта, друг возел без возачка, двајцата приведени
- „Инженерски прстен 2026 – успешни приказни од УКЛО“ – циклус на Битола њуз





