Во Новаци свечено беше отворен 14. по ред меморијален турнир во мал фудбал “Пеце Матичевски“, спортска манифестација која веќе традиционално ги обединува љубителите на спортот, дружењето и фер-плејот.
На свеченото отворање присутни беа членови на семејството на загинатиот бранител Пеце Матичевски, а турнирот го отвори градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски, кој нагласи:
-Овој турнир претставува повеќе од спортски настан, тој е симбол на почит и сеќавање на прерано загинатиот војник Пеце Матичевски. Преку спортот го чуваме споменот на човек кој остави значаен белег во нашата Македонија. Им посакувам успешни натпревари на сите учесници, фер и спортска игра, а на посетителите пријатни моменти исполнети со позитивна енергија и навивање.
Претходно, по повод одбележувањето на 25-годишнината од загинувањето на бранителите Влатко Миленковски, Пеце Матичевски и Благојче Силјановски, беше оддадена почит на нивната жртва и херојствома гробиштата во Новаци каде е вечниот дом на Матичевски, и кај споменикот „Ангел“ кај Саат-кулата во Битола и споменикот кај Касарната изградени во нивна чест и спомен.

Во Новаци започна 14. еморијален турнир во мал фудбал “Пеце Матичевски“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Државниот студентски дом “Кочо Рацин“ – Битола подготвен да ги прими студентите и оваа студиска година
- Концерт на квартетот “Пелагонија“ на платото кај Офицерски
- СВР Битола: напад со тврд предмет, нарушен ред и мир, обид за физички напад, приведен возач кој возел возачка
- КУД “Илинден“ Битола со второ место на Светски натпревар по автентичен фолклор во Турција
- Објавени конкурсите за академската 2026/2027 година на УКЛО Битола
More from СпортMore posts in Спорт »
- 12. меморијален турнир во мал фудбал “Јовче Димовски – Начко“ (фотогалерија)
- Пелистер ги започна контролите со -8, поразен од Паниониос од Толемаида
- Еурофарм Пелистер во Европа во ЕЛ против Гумерсбах, Ла Риоха и Гдањск
- Тане Спасев нов тренер на КК Пелистер
- Алем Хаџиќ заминува од Битола со Еурофарм Пелистер спогодбено ја прекинаа соработката










