Press "Enter" to skip to content

Виктор Трчков освои бронзен медал на Балканското џудо првенство за деца во Битола (фото)

Денес во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола заврши отворено Балканското првенство во џудо за деца до 14 години во поединечна конкуренција, а најбројна екипа беше екипата на Турција која освои и најмногу медали.Единствен медал за Македонија освои Виктор Трчков (-66 кг), бронзен медал на Балканското првенство за деца (У-14) на првенството Трчков забележа 4 победи и 1 пораз.

-Како тренер горд сум што нашиот репрезентативец – член на џудо клубот Миоки ја одбрани честа на македонското џудо освојувајќи го единствениот медал за нашата федерација како организатор, напиша на Фејсбук тренерот Игор Паскоски.Енил Ајдиноски имаше одличен настап и стигна до мечот за бронза. Иако не успеа да освои медал, со освоеното 5. место покажа голема борбеност, карактер и потенцијал за идни успеси.Натпреварувачите кои ги има повеќе од 400  (момчиња и девојчиња) од повеќе балкански џудо-федерации (Македонија, Молдавија, Романија, БиХ, Црна Гора, Турција, Кипар, Албанија, Грција, Бугарија, Косово) ќе ги покажат своите вештини, спортски дух и борбеност на ова престижно првенство, а Македонја се претстави до 29 млади џудисти.Инаку, на ова балканско првенство Битола беше домаќин на вкупно 600 лица, џудисти, судии, тренери, лекари… кои три дена беа во нашиот град.Свеченото отворање и првите финални натпревари и доделување на медали беа вчера попладне, а по тој повод претседателот на џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски на чинот на отворањето на првенството рече:-Голема е честа на џудо федерацијата на Македонија и јас како нејзин прв човек да бидеме домаќини на ова Балканско првенство. Ја славиме оваа боречка вештини, јас славиме дисциплината на младите џудисти, пријателството меѓу нас и фер-плеј на младите балкански џудисти.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »