Денес, понеделник, 8 јуни, во Битола, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен северeн ветер. Температурата во Битола до 27 степени.
Утре, вторник, 9 јуни, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Температурата во Битола до 28 степени.






