Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: два моторциклисти возеле без возачка и еден и нерегистриран мопед, битолчанец возел без “голф“ без возачка

На 07.06.2026 во 16:25 часот на ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола , полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода В.П. (24) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед „априлија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од В.П., при што било констатирано дека го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 07.06.2026 во 18:20 часот на ул. „4 Ноември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.Г.(36) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Г., при што било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.      

На 07.06.2026 во 22:20 часот на булевар „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.Р.(21) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од О.Р., при што било констатирано дека го управувал мотоциклот без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »