Бизнис академија Смилевски – БАС во Битола одржа меѓународна научна конференција посветена на современите менаџерски предизвици и организациските науки, оваа година со тематски фокус „Академски и консултантски предизвици за обезбедување организациска виталност“.
На свеченото отворање се обратија проф. д-р Цветко Смилевски, претседател на Програмскиот одбор на конференцијата, проф. д-р Гордана Тасевска, директор на БАС, и доц. д-р Сања Гонгета, претставник на соорганизаторот – Универзитетот за применети науки „Лавослав Ружичка“ од Вуковар, Република Хрватска.
Во пленарниот дел свои пленарни излагања одржаа: проф. д-р Цветко Смилевски, м-р Јордан Трајков, извршен директор на ВВ „Попова Кула“ АД Демир Капија и доц. д-р Сања Гонгета.
Во рамките на четирите тематски секции беа презентирани научни и стручни трудови од автори од Македонија, Србија, Хрватска и други земји од регионот. Презентираните истражувања отворија бројни дискусии за современите менаџерски практики, организациската виталност, лидерството, човечките ресурси, одржливоста и дигиталната трансформација.
Конференцијата уште еднаш ја потврди својата улога како значајна платформа за научна соработка, размена на знаења и градење професионални партнерства помеѓу високообразовните институции, стопанството и експертската јавност.
Со успешната реализација на деветтото издание, БАС продолжува да ја остварува својата мисија за поттикнување на научноистражувачката дејност и за поврзување на теоријата со практиката, придонесувајќи кон развојот на современи, одржливи и витални организации и создавајќи простор за нови научни сознанија, соработка и професионален развој.
[ngg src=”galleries” ids=”2898″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






