Во “Окованделија“, новиот алтернативен уметнички простор кој се наоѓа во поранешната фабрика “Прогрес“ во Битола синоќа пред голем број љубители на уметноста отворена беше изложбата „Артеизам“ на тројца битолски уметници.
Владимир Симоновски, Васко Ѓоргиев и Дејан Макаријовски иако добро познати на публиката, синоќа ги видоа и слушнаа на сосема поинаков, алтернативен начин.
-Им благодариме на организаторите за можноста за имаме тројцата изложба во овој простор кој неделава си доби и име и ова нека биде како крштевка на просторот. Се надевам дека секој кој има различни идеи, како нашите, да го искористи просторот кој нуди нешто ново за уметниците, пто ние го искористевме максимално. Тие што не познаваат знаат и според она што ќе го видат има Христојанска позадина, рекоа авторите.
-Авантура на тројца индивидуалци сложни околу нераскинливата врска мегу верата и уметничкото творештво. За авторите, создавањето уметничко дело не е само личен чин, туку и духовен, трансцендентален процес што својата смисла ja наоѓа во Откровението на Православната Христианска Вера. Доволен е само еден краток поглед кон историјата на уметноста за да се забележи дека религиозното искуство отсекогаш било едно од нејзините насилни поттикнувачи. И покра настојуваната во последните векови уметноста да се осамостои од своот религиозен контекст и инспирацијата да jа бара во митологијата, науката, технологиата, политиката или општествените прашања, стремежот кон смисла и вистина останува нејзина суштинска одлука, се вели во предговорот, наместо разговор.
Организатор и модератор на изложбата беше Петар Котевски од “Камаи медиа“ кој им се заблагодари на сите присутни кои најдоа време во сабота вечер да бидат дел од изложбата на тројцата аврори, во алтернативниот простор, кој деновите го доби оригиналното име “Окованделија“.
Котевски на специфичен начин, на отворањето на изложбата, ги провоцираше на одговори тројцата автори на прашањата кои беа отворени за нивната инспирација, што сакаат “да кажат“ со своите дела, за нивниот однос кон Бог, што се вистината, убавината и доброто…?
-Во православната традиција тие не се сфаќаат како апстрактни идеи, туку како неразделни особини на Божјото битие. Црквата во човекот гледа Божји образ и икона на Создателот, а неговото творештво го разбира како можност за учество во едно подлабоко осознаване на светот во контекст на Божјото Провидение. Оттука доаѓа интересот на тројцата автори кон процесот на содавањето дело како една вероисповед. Изложбата го разгледува уметничкото творештво како искуство што во многу нешта се допира со литургиското – како простор на средба, осознавање и преобразба, во кој творецот и гледачот постојано одново го откриваат соственото место во светот, беше речено.
Присутните на изложбата во “Окованделија“ имаа само збориви за пофалба за овој нов простор за изложби и друга намена, кој импонора со големиот простор, визуелна ширина, одличното светло и озвучување и големиот број на можности за презентација на сите уметнички дела, од најмали па се огромни димензии како што се изложени.
-Во новиот алтернативен уметнички простор „Окованделија“ сакаме да создаваме настани во кои културниот израз се доживува подлабоко – не само преку набљудување, туку преку вистински разговор со авторите и со контекстот од кој нивните дела доаѓаат, како шо тоа беше вечерна на оваа изложба. Уметноста не е нешто што го прави само уметникот. Уметникот во дел е само инструмент, канал низ кој тече нешто поголемо и посеопфатно. Уживање во културата делумно значи и храбро нурнување во тој таинствен дел од процесот на создавање. Така уметноста се доживува не само со очите, туку и со духот, рече организаторот.
Текст и фото: Сашо Ристевски











