Press "Enter" to skip to content

“Вистинска парада на гордоста” во Битола, по Широк Сокак, по 5. пат (фотогалерија)

“Вистинска парада на гордоста” по трет па се одржа вечерва низ Широк Сокак во Битола почнувајќи од плоштадот “Магнолија“, каде во 20 часот се собраа битолчани.Пред битолчани на “Магнолија“ се обрати Игор Петковски, кој рече дека за разлика од главниот град каде се одржува друга парада во Битола се одржува вистинската:-Браќа и сестри, ова е “Вистинска парада на гордоста” која по петти пат се организира во Битола, а со која може да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко… “Вистинската парада на гордоста“ се организира според начелата за кои сме: дом, семејство, родители – мајка и татко… Тука, по петти пат, сме собрани заради нашите најмили, нашите деца и за нивната иднина, заради нашиот дом, семејство, родители мајка и татко, за начелата дадени од Бога и начела по кои треба да ги воспитуваме нашите деца и идните наши генераци после нас во духот на нашата Православна Христијанска вероисповед.По обраќањето битолчани одржаа и марш по Широк Сокак, кој заврши кај Офицерски дом.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »