ФК Пелистер од Битола го почнува својот нов проект за сезоната 2026/27 со изборот на новиот претседател. По оставката на раководството на клубот и стручниот штаб, прва задача на акционерот – Општина Битола е изборот на новиот претседател.
По заминувањето на Александар Стефановски довербата да го води клубот му е доверена на Димитар Митревски.
-Единствениот и за нас најдобриот кандидат за претседателското место, на наше задоволство, прифати да го предводи проектот и заеднички да се обидеме да го вратиме клубот во самите височини на македонскиот фудбал, се вели во соопштението на ФК Пелистер.
Митревски има 45 години, зад себе остварил успешни проекти од сферата на маркетингот и спортот, а во јавноста најпознат е по раководењето на РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер. Тој веднаш ќе започне со работа и наскоро ќе го објави и планот на работа и ќе го избере новиот шеф на стручниот штаб.
Клубот ќе го официјализира и стартот на подготовките и планот на припреми ова лето.











