Press "Enter" to skip to content

Паднаа првите потписи во ФК Пелистер, Ристевски, Спировски, Мрмачовски и Димовски

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола продолжува со екипирањето на тимот за новата натпреварувачка сезона и официјално ја продолжи соработката со Кире Ристевски и Стефан Спировски, како и со двајцата млади и перспективни фудбалери, Јован Мрмачовски и Натаниел Димовски. Ристевски и Спировски, со своето искуство, ќе бидат меѓу носителите на играта, додека Мрмачовски и Димовски претставуваат иднината на клубот и дел од генерацијата на која Пелистер сериозно смета во периодот што следува. Сите четворица потпишаа нови договори со важност од една година и ќе бидат дел од тимот кој ќе се бори за остварување на главната цел – враќање на Пелистер во Првата македонска фудбалска лига.

Во клубот интензивно се работи на комплетирање на играчкиот кадар, а раководството продолжува со активности за создавање конкурентен тим кој ќе одговори на амбициите на Пелистер. Новиот шеф на стручниот штаб, Борче Христов, првата прозивка и почетокот на подготовките ќе ги одржи во четврток, кога официјално ќе стартуваат подготовките за новата сезона.

Фудбалскиот клуб Пелистер претходно информира дека, по истекот на договорите, завршува соработката со шестмина наши фудбалери. Зелено-белиот дрес повеќе нема да го носат капитените Мирко Ивановски и Александар Ристевски, како и Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим.
More from ВестиMore posts in Вести »