Press "Enter" to skip to content

Алем Хаџиќ заминува од Битола со Еурофарм Пелистер спогодбено ја прекинаа соработката

Босанскиот ракометар Босанскиот ракометар Алем Хаџиќ повеќе не е дел од семејството Еурофарм Пелистер од Битола откако двете страни се договорија за предвремен спогодбен прекин на соработката.

Младиот централен бек помина три години во Битола, оставајќи значаен белег во младинските категории, а повремено настапуваше и за првиот тим. Хаџиќ пристигна во Еурофарм Пелистер во август 2023 година како 16-годишен талент од босанскиот клуб Коњух. Тој беше лидер на младинскиот тим на Еурофарм Пелистер кој обезбеди историски пласман на „фајнал-фор“ турнирот во младинската Лига на шампиони, во која беше најдобар стрелец.

На само 17 години, тој дебитираше и се запиша во листата на стрелците за првиот тим на Еурофарм Пелистер во сениорската Лига на шампиони. Ги освои сите три титули првак на Македонија од 2023 до 2025 година.

More from ВестиMore posts in Вести »