Паниониос – Пелистер 8:0 (3:0)
Фудбалерите на Пелистер од Битола го одигра првиот контролен натпревар во рамките на летните подготовки. По стартот на базичните подготовки на стадионот под Тумбекафе се пораени на првиот од четирите закажани пријателски натпревари и претрпе убедлив пораз од грчки Паниониос со 8:0, полувреме 3:0.
Тренер Христов на пријателскиот натпревар им даде можност на сите фудбалери што ги има на располагање, а минутажа добија и неколку таленти од младинската школа, кои беа приклучени на подготовките на првиот тим.
За битолчани ова беше прва контрола во подготвителниот период, а следуваат натпреварите против Охрид на 24 јули, со Новаци на 8 август, а треба да се одигра и еден натпревар против некој прволигаш.










