Press "Enter" to skip to content

12. меморијален турнир во мал фудбал “Јовче Димовски – Начко“ (фотогалерија)

Победници на 12. по ред меморијалниот натпревар во мал фудбал “Јовче Димовски – Начко“ кој се одигра на терените на ОУ “Даме Груев“ во Битола  е екипата на ветераните на Могила, откако на пенали ја победија екипата на домаќинот на турнирот. Натпреварот помина во одличен интензитет, со постигнати многу голови, а на крај на пенали беше одлучен победникот.Владимир Наковски дел од клубот рече дека ова е во чест на прерано починатиот нивни другар, Начко, и во иднината преку одржување на овој традиционален турнир ќе се сеќаваат на него,  а фудбалскиот клуб кој го носи неговото име ќе учествува и на нови турнири.По натпреварот двете екипи имаа неформално дружење во просториите на клубот Начко.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »