На 23.07.2026 во 00:59 часот на патот за село Брусник, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Н. (63) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „сузуки” со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Н., при што било констатирано дека го управувал под активна забрана за управување со моторно возило. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.07.2026 во 11:45 часот на ул. „Св.Нектариј Битолски“ во Битола, полициски службенци од СВР Битола го лишиле од слобода О.Р. (20) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед без регистарски ознаки, управуван од О.Р., при што било констатирано дека не поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.07.2025 во 13:12 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Драгош, во с. Бистрица, И.Ј. (46) од с. Барешани, битолско, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.






