Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола започна со формирање на тимот за наредната сезона каде ќе се натпреварува во Првата одбојкарска лига на Македонија.
Капитенот Стефани Најдановска и во новата сезона 2026/27 продолжува во дресот на Пелистер Волеј. Еден од клучните носители на играта на Пелистер, цврсто верува во уште посилен тим оваа година, возбудлива сезона со желба за нови предизвици.
Средниот блокер Симона Стојановска и во новата сезона 2026/27 продолжува во дресот на Пелистер Волеј. Таа е една од најискусните играчи на Пелистер Волеј со богати клупско и репрезантативно искуство. Симона силно верува во уште помоќен тим оваа година, посакува возбудлива сезона и нови предизвици.










