Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер со ново име, Алонзо Едвард Денинг ќе игра крилен центар

КК Пелистер од Битола доведе второ засилување за сезоната 2026/27. По потписот на Благој Димитриев, нов член на битолскиот клуб е Алонзо Едвард Денинг.

Се работи за кошаркар кој доаѓа од Соединетите Американски Држави, но неговото потекло е од Македонија и поседува македонско државјанство, што значи во нашето првенство ќе настапи како домашен играч.

Алонзо игра на позицијата крилен центар и пред да дојде во Македонија настапуваше во Азербејџан, Еквадор и Косово.
More from ВестиMore posts in Вести »