Грузиецот, и познато име на битолската ракометна јавност, Реваз Чантурија се враќа во Битола, ќе биде член на стручниот штаб на Бранислав Ангеловски во Еурофарм Пелистер 2.
Со своето големо искуство поранешното крило ќе може да им помогне на младите играчи во развојот на кариерата. Чантурија ќе се обиде да го пренесе искуството во таборот на младите пелистерци.
Во кариерата Чантурија мина многу македонски клубови и тука најде втор дом. Тој беше де од Пелистер, Вардар, Металург, Макс Струмица, Струга и Прилеп. Пред неколку години замина во Цвикау, а таму имаше и функција на асистент тренер.
Потоа работеше и во косовска Беса, па сега доаѓа во редовите на Еурофарм Пелистер 2.










