Press "Enter" to skip to content

Пелистер продолжува да се засилува, Коста Кириловски пристигнува во Битола

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола продолжува со формирањето на ростерот за сезоната 2026/27, а како нов член го претстави младиот Коста Кириловски.

Кириловски настапува на крилната позиција, а своите први кошаркарски чекори ги направи во школата на Водно Санс. Во претходните две сезони искуство собираше во дресовите на Игокеа и Кожув. Младиот кошаркар е дел од младинските репрезентативни категории на Македонија, а неговиот потенцијал веќе му донесе место и на поширокиот список на сениорската репрезентација.

Претходно во Битола пристигнаа Благој Димитриев, како и Американецот со македонско потекло Алонзо Едвард Денинг.

More from ВестиMore posts in Вести »