Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј и оваа година ангажира Американка, Jade Watson ново засилување

Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола го официјализира и второто големо засилување за оваа сезона кое ни доаѓа од Атланта, Америка, Jade Watson, таа е одбојкарка од престижниот одбојкарски тим на Life University Marietta, Georgia.

Jade Watson е родена 2003 година, игра на позицијата коректор, висока е 186 см, нејзината клупска кариера започнува во Atlanta Boom Volleyball Club, за подоцна да го продолжи својот развој во Tsunami Volleyball Club како и во A5 Volleyball Club во Розвел, Џорџија.

Во Пелистер Волеј се сели од Life University и ќе биди огромно засилување особено во нападот за нашиот клуб во престојната натпреварувачка сезона.

Награди и достигнувања за сезоната 2025/2026, прв идеален тим на конференцијата (First Team All-Conference – SSAC), најкорисен играч на тимот (Team MVP), во топ 10 играчи во конференцијата според бројот на освоени поени со напад (kills), топ 10 играчи во конференцијата според просечниот број на освоени поени по сет (kills per set).

Еден од главните офанзивни играчи на тимот и еден од неговите водечки реализатори.

More from ВестиMore posts in Вести »