-Синоќа во Старата чаршија во Битола каде се ширеа мелодичните звуци од изворните македонски песни и други популарни мелодии во изведба на групита “Деспина“ и “Калабалак“ и Наум Петревски на првата вечер од 9. по ред “Фестивалот на староградска музика“.
Старата битолска чаршија од секогаш била местото на еснафите на Битола, градот со голема традиција и богато културно – историско наследство, градот кој со себе носи многу приказни кои се раскажувале, се надградувале и менувале, онака како што градот го менувал својот лик.
Токму таму на местото каде што денес е спојот на ориенталното и градското живеење во единствениот, делумно сочуван дух се одржа првата вечер од 9. издание на “Фестивалот на Староградска музика и вино“ за што имаше огромен интерес и беше најпосетено досега.
Битолчани бараа маса повеќе, а намерниците во Чаршијата кои само поминаа да видат како е, останаа до доцна во ноќта и уживаа во чаша добро вино или пиво во одлична староградска музика, но и македонски популарни шлагери.
Дел од нив сега веќе возрасни битолчани, носталгично се вратија во својата младост кога тука излегувале, вљубувале, дружеле… Тие се присетуваа дека еден период поточно во 90-тите години, тука и се случувал културно – забавниот живот на битолчани и тоа не само во лето, туку и преку целата година.
Фестивалот продолжува денес на истото место со КУД “Илинден“ и “Боеми“.
[ngg src=”galleries” ids=”2949″ exclusions=”42369″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ images_per_page=”30″ order_by=”pid”]











