Press "Enter" to skip to content

Хенигман: завршивме со подготовките сега почнува она сериозното, прв предизвик Партизан од Белград

Еурофарм Пелистер од Битола е на старт на новата сезона, а ракометарите веќе ги одработуваат подготовките насочени кон првиот сериозен предизвик во рамките на регионалната ракометна лига, натпреварот против тимот на Партизан од Белград.

На еден од последните тренинзи, Ник Хенигман зборуваше за досегашниот тек на подготовките, тимската атмосфера и новиот тренерски пристап.

-Го завршивме овој дел на подготовки и сега почнува она сериозното. Мислам дека минавме добри три недели подготовки, посебно на делот во Словенија. Веќе мислите ни се на Партизан и се подготвуваме за овој натпревар. Тимската хемија е добра, новајлиите мислам дека добро се вклопија. Дојде и нов тренер и донесе нови идеи, негов стил на игра и на тоа работиме секојдневно, изјави Хенингман.

Битолчани во новата сезона влегуваат со изменет состав и новиот тренер Лино Червар, а Хенигман смета дека екипата постепено ги усвојува новите идеи и системот на работа.

Првиот голем тест за пелистерци ќе бидат трите натпревари од Регионалната лига.

More from СпортMore posts in Спорт »