Press "Enter" to skip to content

Во “Pionerski Book Bar“ организиран коктелот, средба и дружење, на “А1 Македонија“ спонзор на фестивалот “Браќа Манаки“ (фото)

Претставниците на “А1 Македонија“, која втора година по ред е генерален спонзор на фестивалот, беа дел од свеченото отворање и заедно со гостите ја споделија посебната фестивалска атмосфера.

Пред почетокот на официјалната програма, “А1 Македонија“ организираше коктел во “Pionerski Book Bar“, кој беше можност за средба и дружење на гостите во пресрет на свечениот црвен тепих.

Под мотото „Под исто светло“, годинашното издание уште еднаш ги обедини авторите, филмските професионалци и публиката околу љубовта кон филмот и уметноста на кинематографијата.-Свеченото отворање на “Браќа Манаки“ секогаш носи посебна енергија и уште еднаш потврдува дека Битола е вистински дом на филмската уметност. Горди сме што како генерален спонзор сме дел од фестивалот и што заедно создаваме простор во кој се среќаваат врвните автори, публиката и новите филмски приказни. Вечерва сите сме под исто светло – обединети од љубовта кон филмот“, изјави Бранкица Толевска, раководител на бизнис трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.-Првата фестивалска вечер на Браќа Манаки официјално е зад нас. Под светлината на големото платно, низ кадри што раскажуваат приказни и моменти што остануваат во сеќавање, Битола уште еднаш го живее својот најфилмски период од годината. За нас е голема чест што иако работиме само две години за нас се два приеми на фестивалот,  спонзорот А1 да ни ја довери организацијата на коктелот пред отворањето на фестивалот. Посебна чест ни е и тоа што претседателката Гордана Силјанова – Дакова беше наш гостин. Не очекуваат уште многу вечери исполнети со уметност, инспирација и магијата што ја носи филмот. Ова е само првиот кадар од уште една незаборавна фестивалска приказна, рече Никола Велјановски, сопствени на “Pionerski Book Bar & Apartments“.Фестивалот ќе трае до 25 септември, со богата програма, филмски проекции и средби со значајни имиња од светот на кинематографијата.

More from ВестиMore posts in Вести »