Претседателот на Срби ја, Томислав Николиќ, кој присуствуваше на одбележувањето на 100-годишнината од битката на Кајмакчалан, за време на кусата посета на Битола се сретна со претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Српскиот претседател Николиќ, нагласи дека кога станува збор за кризата со бегалците, земји те кои се во Европската Унија добиваат поголема помош, а тие кои не се, далеку помала и дека е неприфатливо е Европа на половина држави во Европската Унија да ги штити своите грани ци. Таа е должна да ги штити на почетокот. Тоа што нас не не примија, нека не заобиколат, рече Николиќ.
Николиќ, за време на престојот во Битола, кој претходно присуствуваше на прославата на 100-годишнината од битката на Кајмакчалан, а потоа положи венци на Српските воени гробишта во Битола.
Претседателот на Републи ка Македонија, Ѓорге Иванов нагласи дека со оваа средба Република Македонија укажува дека сите прашања можат да се решаваат преку дијалог, а особено на највисоко ниво, кој треба да го следат и другите институции во нашите две држави.
-Со склучувањето на билатералниот договор за заштита на културните споменици ќе биде овозможено и гарантирано правото на негување, чување и чествување на културните наследства, традиции, историски случувања, од двете страни. Ние како претседатели не можеме да ја смениме историјата, но можеме да ја менуваме сегашноста и да влијаеме на иднината. Со сите наши досе гашни средби укажуваме дека можат да се градат добрососедски односи затоа што ако сме имале различни истории и различно минато, имаме една заедничка иднина, а таа е да ги оствариме нашите стратешки цели кои се идентични за двете земји, рече пред 10 години во Битола претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.











