-Снимањето од рака е една од работите кои се важни при работа на филм и бара добра физичка подготвеност. Присуствував на една работилница на „Камераимаж“ и знаев што ме очекува. И самиот режисер инсистираше да се снима од рака затоа што така сме блиску до ликовите и така подбро се пренесува емоцијата на ликовите. Со него договориме да работиме динамично, филмот започнува како криминалистички, а понатаму има елементи на хорор и оди во поинаков правец, рече Арамбашиќ.
Ана Драгичи, кинематограферка на филмот „Атлас на универзумот“ која синоќа беше прикажан во рамките на главната селекција, денеска на прес конференција говореше за идејата и предизвиците во снимањето.
-Идејата за овој филм потекна од продуцентот на филмот чие мало дете го праша кога ќе направиме филм во кој има дете. Филмот има социјална димензија затоа што во руралниот дел на Романија голем дел од семејствата се растурени затоа што голем дел од членовите на семејствата одат во странство да работат и да испраќаат пари. Кратко снимавме, вкупно 23 дена и многу време поминавме барајќи локации, но за да дојдеме до посакуваниот ефетк снимавме на повеќе од 20 локации. Сакавме локациите да се дел од процесот на раскажување на приказната и затоа толку време посветивме на тоа, рече кинематограферката Драгичи и посочи дека во Романија има се повеќе жени кинематограферки и режисерки и дека самата работи на филмска академија и гледа дека нивниот број се повеќе се зголемува.
Филмот „Непозната девојка“ е дел од главната компетиција и неговиот кинематографер Жонгџијанг Лијанг денеска во Битола проговори за интересната приказна која ја раскажуваат заедно со режисерката Џинг Зоу.
-Приказната е она што се случило навистина на бабата на режисерката. Станува збор за вистинска приказна, но во неа има нешто универзално бидејќи вакви ситуации се случуваат насекаде. Во изминатите 30 години Кина многу се промени така што се надеваме дека не постои повеќе ваква пракса да се напуштаа девојчињата од нивните родители само затоа што се девојчиња. Филмот ќе ма премиера кон крајот на овој месец во Кина, а мене ми е големо задоволство што пубиката во Битола ќе го погледне и ќе понесе нешто од него со себе, рече Жонгџијанг Лијанг.
Документарната натпреварувачка програма вчера ја отвори филмот „Ништо не се случува откако ќе заминеш“ на кинематограферот и фотограф Ала Кеир од Судан.
-Јас сум всушност машински инженер. Во изминативе години Судан е обележан од политички конфликти и превирања и различните форми на уметност не се многу развиени, но остануваат начин на слободно изразување. Најголем дел од кинематограферите во Судан се самоуки и се обидуваме да направиме промена. За мене фотографијата стана начин на кој можев да го коментирам светот и настаните околу себе. Ова ми е петти филм и се однесува на конкретно време и простор. Во Судан нема повеќе јавни кино сали, проекции има само во мали собички во мали градови или села и се прикажуваат индиски и акциони филмови. Уметностите во Африка тешко опстануваат, но факт е дека во изминатите 15 години се појавија филмаџии во подем, така што сега веќе има продукција која може да се претстави во Европа и во САД. Филмските фестивали почнуваат да покажуваат интерес за нашите филмови и важно е да се слушнат гласовите од Африка, рече Кеир.











