Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарено “поло“, прилепчанец нападнат на “Прилепска“

На 30.09.2026 во 00:09 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Богомила“ во  Битола било опожарено патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.  (74) од Битола. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Битола. Повредени лица нема, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 29.09.2026 во 17:30 часот во СВР Битола, А.К. (41) од Прилеп пријави дека  на ул. „Прилепска” во Битола бил физички нападнат од К.Н.. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.