Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ – Битола: реконструкција на водоводната мрежа – улица “Христо Ботев“

ЈКП „Водовод“ – Битола денес започна со реконструкција на водоводната мрежа на улица „Христо Ботев“, како дел од континуираните активности за подобрување и модернизација на водоводната инфраструктура во градот.

-Активностите ќе се одвиваат континуирано до целосно завршување на предвидената делница, со што ќе се обезбеди посигурно и поквалитетно водоснабдување за жителите од овој дел на Битола. Паралелно, во завршна фаза е реконструкцијата на улица „150-та“, а во наредниот период е предвидено започнување со активности и на делови од улиците „Дебарска“ и „Студентска“, соопштија од ЈКП „Водовод“ – Битола и додаваат:

-Продолжуваме со инвестиции во сигурна и современа водоводна инфраструктура.