Press "Enter" to skip to content

Средниот бек од Франција, Саду Нтанзи и официјално нов играч на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер од Битола продолжува со засилувањата за тековната сезона и официјално го ангажираше францускиот ракометар Саду Нтанзи,  26-годишен среден бек. Тој доаѓа од германскиот бундеслигаш Мелсунген и потпиша едногодишен договор со битолскиот клуб.

Нтанзи е производ на реномираната школа на Пари Сен Жермен, каде што помина четири сезони и освои четири шампионски титули во Франција, како и по еден Куп и Суперкуп. Тој ги има минато и сите младински селекции на француската репрезентација.

По заминувањето од ПСЖ, Французинот настапуваше за Феникс Тулуз, унгарска Татабања, катарски Ал Араби, а последно беше дел од Мелсунген. Со германскиот клуб обезбеди пласман во Лигата на шампионите за оваа сезона, откако минатата година го освоија трофејот во Лигата на Европа.

More from СпортMore posts in Спорт »