Press "Enter" to skip to content

Доделни наградите “Анте Поповски“ за 2026 година

Во прекрасниот амбиент на Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, на 2 октомври 2026 година, се одржа деветото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.

На присутните им се обрати Александра Јуруковска и накратко се осврна на активностите кои Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски – Антево Перо ги реализираше по повод одбележувањето на јубилејот – 95 години од раѓањето на Анте Поповски, 30 години од објавувањето на книгата есеи „Окото, светлините“ и 25 години од маестралното дело „Света песна“. 

Во име на жири-комисијата, се обрати д-р Атина Цветаноска, која ги презентираше кратките рецензии за сите наградени збирки, а со искрени и емотивни говори се обратија и добитниците на наградите: Даниела Андоновска-Трајковска, Емељ Туна, Милош Соколиќ, Дарија Јовановска и Марија Велинова, а Виолета Танчева Златева се обрати во име на Ерол Туфан.

По претставувањето на поезијата од Лидија Размоска Тримовска и Белинда Сипкоска Гаштарова, кои беа селектирани во потесниот избор, на присутните им се обрати Кирил Симеоновски, Претседател на Здружението.  

Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски – Антево перо изразува огромна благодарност на сите учесници и сите гости што со своето присуство ја збогатија манифестацијата.

More from КултураMore posts in Култура »