Press "Enter" to skip to content

Започна јубилејното, 35. издание, на “Интерфест“ во Битола со балетската претстава “Шехерезада“ (фотогалерија)

Вечерва во големата сала на Центарот за култура во Битола започна јубилејното  35. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“.На првата фестивалска вечер по минатогодишната пауза се обрати пред љубителите на класичната музика уметничкиот директор на “Интерфест“, Милица Шперовиќ – Рибарски, која нагласи:-Имам особена чест да ги поздравам сите кои сте вечерва со нас, посебно неговото Преосвештанство, Митрополит Петар, градоначалникот Тони Коњановски, ректорот на УКЛО Битола – проф, д-р Игор Неделковски, како и него наши драги гости. Некои од почетокот на фестивалот пред 35 години, а некои се долги години со нас, за што им сме многу благодарни. Фестивалот и годинава ја продолжува својата основна мисија – промоција на класичната музика, со репертоар што, како што беше посочено, опфаќа „музика од барок па до се до модерната“. Вечерва, овогодинешното издание на “Интерфест“ кое е јубилејно, го отвораме со балетската претстава „Шехерезада“ и ансамблот на Националната опера и балет ќе биде отворено 35. издание на наше големо задоволство. Годинашната програма ќе се одржува од 2 до 12 октомври.Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој рече:-35 години традиција на еден од единствените фестивали на класична музика, кој секој октомври во Битола ги носи светските, но и македонските класици. Убавината на класичната музика и уметност од вечерва по 35-пат ќе одекне од градот на клавирите благодарение на неуморноста на фестивалските творците почитуваните Рибарски. На префинето структуриран начин, уметничкиот израз допира до секој посетител, преку концертите, уметнички изложби, театарска претстава, како и мастер класовите и подиумот за млади во соработка со Државното музичко училиште. Особено е значајна за нашите ученици од Државното музичко училиште и нивните професори вечерта посветена на нив, односно подиумот на млади во Офицерскиот дом. Битолчани, љубители на уметноста и музиката имаа ретка прилика да го гледаат извонредниот балетски ансамбл и солистите Наташа Трендафилова-Гицев и балетскиот првенец од Унгарија Балаж Лочеи, кои пред присутните ја доловија бајковната атмосфера на приказните од „Илјада и една ноќ“. Музиката на рускиот композитор Николај Римски-Корсаков ја доловува атмосферата на љубов, страст, невера, одмазда.

Пред свеченото отворање на “Интерфест“ свечено беше пред љубителите на ликовната уметност се отвори на изложбата насловена „Современа Италијанска графика и цртеж“.“Интерфест“ во следните девет дена продолжува со гостувањето на уметниците кои преку своите изведби повторно ќе ги исполнат салите годинава, а ќе бидат наградени со голем аплауз.

Втората фестивалска вечер, на 3 октомври пијаното „Безендорфер Гранд Концерт 280“ ќе се огласи во Офицерскиот дом под рацете на легендарниот италијански пијанист Бруно Канино. Маестро Канино, со традиционалната италијанска елеганција, рафинман и бравура, ќе ни ја пренесе чистотата, едноставноста и духот на италијанската музика, преку делата на Скарлати, Клементи и Петраси, како и Прелудиумите од II Книга на Клод Дебиси. Инаку “Интерфест“ ќе се одржува до 11 октомври 206 година, покрај во Народниот театар, ќе има настани во државното училиште во Битола, во Завод и Музеј и во Офицерски дом, а „Интерфест“ останува меѓу културните манифестации што се рангирани како настани од национално значење.

Жанета Ристевска

Фото: С. Ристевски

Линк за фотогалерија: 

https://www.facebook.com/photo?fbid=1731278915377594&set=pcb.1731281188710700

More from КултураMore posts in Култура »