Бутел – Еурофарм Пелистер 21:34 (12:14)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола по поразот од Ла Риоха во Евролската лига се вратија на домашните оннврски го совладаа Бутел Скопје на гостински терен (21:34) во натпреварот од петтото суперлигашко коло.
“Пелистерци“ стигнаа до победа со далеку подобра игра во второто полувреме, кога ја создадоа и клучната предност. Бутел се обиде да се спротивстави, имаше само два гола негатива на паузата (12:14), но потоа немаше сили за поголемо изненадување.
За пелистерци ова е четврта победа во низа, по почетното реми со Охрид во првото коло. Најефикесен кај Пелистер беше Филип Кузмановски со осум голови.
Во следното коло Еурофарм Пелистер во Битола ќе го пречека тимот на Куманово.










