Press "Enter" to skip to content

Утре стартува кошаркарската сезона, Сапунџиев најави голема борба на паркетот против ТФТ

Кошаркарите на Пелистер од Битола утре на домашен терен ја отвораат новата кошаркарск сезона, а според тоа како се одвиваа подготовките тие се подготвени за Суперлигата. „Зелено-белите“ во првиот натпревар ќе се сретнат со ТФТ Скопје на домашен терен. 

Своите размислувања у очекувања за промоцијата на новиот тим во Битола ги изнесе капитенот Иван Сапунџиев, кој смета дека тимот е максимално фокусиран на победа и најави голема борба на паркетот.

-Подготвителниот период заврши. Работевме напорно овие месец ипол и спремни сме за почетокот на сезоната. Одиме максимално фокусирани. Со борба и енергија на тимот се надевам дека добро ке ја отвориме сезоната – со победа на домашен терен овде во Битола, рече Сапунџиев. 

Натпреварот помеѓу Пелистер и ТФТ Скопје ќе се одигра утре, 4 октомври, а почетокот е закажан за во 19:00 часот.  

More from СпортMore posts in Спорт »