Екипата Пелистер од Битола денес ја започнува новата кошаркарска сезона, а прв натпревар за „зелено-белите“ ќе биде на домашен терен против незгодниот ТФТ Скопје. Тренерот Тане Спасев смета дека екипата во добра атмосфера го дочекува почетокот на новата сезона, а додава дека во согласност со временскиот период што го имале на располагање се на солидно ниво и го очекуваме почетокот на првенството во добра атмосфера.
Тренерот на Пелистер очекува голема борба во новата сезона и смета дека разликите меѓу екипите ќе бидат минимални. Според него, секој освоен бод, но и секоја кош-разлика, може да има значење при конечниот распоред на табелата.
-Лигата ќе биде изедначена и секој натпревар ќе биде од огромна важност за крајниот распоред на табелата. Победа или кош-разлика ќе бидат пресудни и може да имаат влијание во конечниот распоред на табелата, во однос на две-три места на подобро или полошо. Нашата предност би требало да биде одбраната, брзата игра и трансформацијата од одбрана во напад, како и шутот за три поени, вели Спасев и додава:
-Секој почеток е тежок, дали на домашен терен или на гости. Ја повикувам битолската публика да дојде во салата во што поголем број и да ја поддржи оваа млада екипа. А ние ќе дадеме сè од себе да победиме и да покажеме добра игра со која тие би биле горди и задоволни. Со акцент на одбраната, брзата транзиција и шутот од дистанца ја очекуваме новата сезона, а секој натпревар може да биде одлучувачки за конечниот пласман.








