Денес, четврток, 8 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 25 степени.
Утре, петок, 9 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 25 степени.






