Амбасадата на Соединетите Мексикански Држави во Белград, акредитирана за Македонија и Почесниот конзулат на Мексико во Скопје ја поставија и ја свечено ја отворија изложбата „Извонредниот текстил на Мексико“ во Националната установа Музеј на Република Македонија во Скопје.
На отворањето на изложбата присуствуваа Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Албан Малиќи, почесен конзул на Соединетите Мексикански Држави во Македонија, Александар Ристевски, директор на Националната установа Музеј на Македонија, претставници на Владата на Република Македонија, Екселенции, амбасадори и членови на дипломатскиот кор…
Изложбата ја отвори директорот Ристевски, заедно со министерот за надворешни работи Муцунски, почесниот конзул Малиќи и в.д. амбасадорката на Мексико во Белград, Муњоз, која на отворањето рече:
-Чест ми е што денес ви се обраќам по повод овој посебен настан, кога ја одбележуваме не само инаугурацијата на изложбата што го прикажува културното богатство на Мексико, туку е и важен јубилеј во односите меѓу нашите земји: 25- годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Соединетите Мексикански Дрпжави и Република Македонија. Во изминатиот четврт век, нашите земји изградија односи засновани на пријателство,
заемно почитување и соработка, кои ги доближија нашите народи. Денес, додека ја одбележуваме оваа годишнина, имаме задоволство тоа да го правиме преку културата, еден од најзначајните и најтрајните начини на кои народите се поврзуваат. Изложбата што денес ја отвораме е жив симбол на таа поврзаност.
Оваа културна иницијатива е дел од одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Соединетите Мексикански Држави и Македонија, истакнувајќи ги пријателството, заемното почитување и сè поголемата соработка што ги поврзуваат двете земји. Преку културата и наследството, изложбата има за цел да поттикне подобро меѓусебно разбирање и да ги зајакне врските меѓу мексиканскиот и македонскиот народ.
„Извонредниот текстил на Мексико“ претставува извонреден избор на традиционални носии и текстилни дела од збирката на Националниот музеј на популарните култури. Изложбата го прикажува културното богатство на Мексико, како и креативноста, знаењето и уметничката извонредност на домородните и локалните заедници чии текстилни традиции се зачувувале и пренесувале низ генерациите.
Изложбата опфаќа традиционална облека и репрезентативни текстилни дела од различни региони на Мексико, одразувајќи го мултикултурното наследство на земјата и извонредната разновидност на нејзините домородни народи. Збирката вклучува дела што ги отелотворуваат уметничките, општествените, церемонијалните и духовните традиции, нудејќи им на посетителите единствена можност да откријат еден од најживописните облици на живото културно наследство на Мексико.
Текстилот претставува една од најзначајните манифестации на мексиканското културно наследство. Преку своите бои, симболи, материјали и техники, тој ги зачувува меморијата, идентитетот и традицијата, истовремено одразувајќи ја историјата и светогледот на заедниците што го создаваат.
Со претставувањето на „Извонредниот текстил на Мексико“ во Скопје, Мексико повторно ја потврдува својата посветеност на меѓународната културна соработка и одбележува дваесет и пет години дипломатски односи со Северна Македонија, градејќи мостови на пријателство и разбирање преку уметноста, културата и заедничкото наследство.

Изложбата “Извонредниот текстил на Мексико“ во Македонија по повод 25 години дипломатски односи
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Новаци: изградената пречистителна станица во село Добромири
- СВР Битола: се степале четворица полицијата ги приведе, приведување за агресивно однесување кон полицајци, 67 годишник пријавил физички напад од 60 годишник
- ЈКП “Водовод“ Битола: ќе се ажурираат водомерите и водоводните приклучоци
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 23 степени
- Кошаркарите на Пелистер со победа ја отворија сезоната, победен ТФТ во Битола (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Доделни наградите “Анте Поповски“ за 2026 година
- Започна јубилејното, 35. издание, на “Интерфест“ во Битола со балетската претстава “Шехерезада“ (фотогалерија)
- Со балетската претстава “Шехерезада“ утре започнува јубилејното 35. издание на “Интерфест“ во БитолаСо балетската претстава “Шехерезада“ утре започнува јубилејното 35. издание на “Интерфест“ во Битола

- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола









