Press "Enter" to skip to content

Билетите за напреварот против Охрид се во продажба

Веќе во сабота ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола ги очекува нов тежок натпревар овој пат во домашната Суперлига против екипата на ГРК Охрид.

Со овој натпревар започнува и вториот дел од натпреварувачката сезона 2026/27 во домашното првенство на екипите во борба за плеј-оф и плеј-аут местата, а да потсетиме дека првиот натпревар во Охрид на стартот на оваа ракометна сезона заврши без победник. 

-Билетите за натпреварот со ГРК Охрид се веќе во продажба, а поради најавата за присуство на гостински навивачи, бројот на билети достапни за продажба ќе биде значително помал. Затоа, ве замолуваме сите заинтересирани што побрзо да си обезбедите влезница во предвидениот термин, соопштија од РК Еурофарм Пелистер.

Продажни места:– https://kartieurofarm.mk/–

T.A. S-Travel Bitola

Dimpo Tobacco

More from СпортMore posts in Спорт »