-И во 2016 година Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин“ Битола и Здружението за хуманитарни дејности Лајонс Клуб „Кабадаја“ го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Традиционално учениците од битолските основни и средни училишта, заедно со деца од Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин“ одржаа Дефиле низ Широк Сокак.
-Нашата установа секојдневно иницира активности за децата со пречки во развојот да бидат вклучени во сите сфери на општеството, да бидат социјално интегрирани. За жал дел од децата немаат пристапи во институции каде нема пристапни рампи и други помали или поголеми проблеми со кои се соочуваат нашите 75 ученици, а ги има од цела држава, истакна тогаш, во 2016 година, Маре Стојменовска Мицевска, директорка на Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин“-Битола.
Хуманитарниот настан „Обоиме во пријател“ во Битола се организира осум години по ред, а проектен носител е Лајонс клубот „Кабадаја“.
-Нашата основна цел е да се зголеми свеста за еднаквост односно сите сме исти и нема меѓу нас различности. Сакаме децата да бидат сплотени и социјализирани, истакна Андријана Шокларовска, тогашниот координатор на проектот, членка на ЛК „Кабадаја“.

Деновиве пред 10 години: во Битола одбележан Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Ноќен клуб “Расчекор“ – 35 години храброст да се биде поинаков, 35 години приказна што ја живее Битола
- Деновиве пред 10 години: последни фотографии на старата трибина, соблекувалните и канцелариите под Тумбекафе (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: Ракометарите на Пелистер продолжија во Челинџ купот (фото)
- Традиционална битолска вечер во Скопје, отворена со “Чија си“ на Славе Димитров (фото+видео)
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер ја обнови својата клубска слава Митровден
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фото вест: одбележан денот на формирањето на поранешната држава, СФР Југославија
- Во Битола облачно со повремени врнежи од снег, температурата до 1 степени
- Групата “Мартеница“ во Битола ја донесе музиката што ги поврзува Балканот и Ориентот на 18. Фестивал на музика од светот (фотогалерија)
- Претседателката на Македонија – Силјановска Давкова во Битола на настанот „Гласот на младите-еднакви можности и иднина без насилство“ (фото)
- Во Битола ракомет “како личи“ за дерби, Еурофарм Пелистер го победи Охрид, 11 гола на Кузмановски (фотогалерија)










