Муслиманските верници во Битола и во целиот свет денес го прославуваат големиот исламски празник Курбан Бајрам, како што уште се нарекува празник на жртвата, затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, а се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромасите.
На сите верници во Битола празникот им ги честита муфтијата Амит Расими.
На Бајрам се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.
На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Во Битола таа се одржа во сите џамиии.
Потоа голем број на верници ги посетија и старите Турски гробишта кај населбата “Ушици“ и новите муслимански гробишта.

Муслиманските верници во Битола го прославуваат големиот исламски празник Курбан Бајрам (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Претседателката Сиљановска-Давкова на средба со Советот за женско претприемништво
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
- Во “Pionerski Book Bar“ организиран коктелот, средба и дружење, на “А1 Македонија“ спонзор на фестивалот “Браќа Манаки“ (фото)
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола





