Изложбата “Еден друг круг“, графики од Роберт Михајловски, синоќа беше отворена во Офицерски дом во Битола, на која беа прикажани дрворезите на Роберт Михајловски, кои го истражуваат “пејзажот“ на урбаното и невидливото присуство на човечката дејност во тој се покомлициран лавиринт.На отворањето на изложбата зборуваше и ги поздрави авторот и присутните директорката на Културниот центар Битола, Лили Бошевска, која го претстави авторот, кој е роден во Битола, сега живее и работи во Мелбурн и Битола.
-Михајловски со креативните и школските почетоци се здобил во родниот град. Студирал историја на уметност со археологија во Скопје, Белград и Мелбурн, графички студии и сликарство во Њу Јорк и Мелбурн. Графиките на Михајловски се покажуваат концептот на времето кое е со одредено темпо кое повеќе се навраќа кон минатото кое ја преобликува виртуелната иднина, рече Бошевска.
Владо Ѓоревски, за авторот и делата рече:
-Дрворезите на Михајловски го истражауваат “пејсажот“ на неводливото присуство на човечката дејност во тој се покомплициран лавиринт. Неговите отпечатоци се со одредена симболика и асоцијативност која е на границата помеѓу одредена поетика и распадност која е присутна низ свкупната скоро унифицирана мундијална архитектура. Тоа се убави пејзажи создадени од луѓето, не како идилечен свет тука како свет за елементарна егзистенција, сурова, одпадничка, и често отуѓена во својата линиска структуриранст слична на стапица, затвор, неслобода, психолошки алиениран амбис.
Михајловски зборуваше за своит графики кои се создадени од дрворез, а преку нив ги покажува и местата на кои има живеено и работено и твоено.

Отворена изложбата “Еден дуг круг“ на Роберт Михајловски (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Bitolanews во посета на музејот каде се наоѓаат гробниците на македонските кралеви во Кутлеш – Вергина (мега фотогалерија)
- Во “Талент шоу“ на Црвен крст учениците од основните и средните училишта, со своите таленти ја обоија Битола во црвено-бели бои (фотогалерија)
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Три златни медали за мешаниот хор при КУД “Стив Наумов“ од Битола на меѓународниот хорски натпревар во Бјелина
- Народен театар Битола започна со подготовки за 5. премиера оваа година, “Едмонд“ во режија на Оливер Мицковски
- ИФФК „Браќа Манаки“ со повик за учество во проектот „Кадар-на“ (Her frame)- меѓународна програма за поголема присутност на жените во филмската индустрија
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)