Денес, петок, 5 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 35 степени. УВ=8.
Утре, сабота, 6 август, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер поизразен на североистокот. Температурата во Битола до 35 степени. УВ=8.