Полициски службеници од Полициското одделение Новаци лишиле од слобода две лица на возраст од 37 и 30 години од Битола за кражба на нафта од работна машина од рудникот Брод-Гнеотино. Тие биле затекнати при обид од рудникот да изнесат повеќе туби и балони со нафта која ја извадиле од работна машина со која работеле. Кај нив биле пронајдени околу 100 литри нафта, што биле вратени на сопственикот и други предмети со кои го извршиле делото. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Билтен на МВР: двајца битолчани фатени на дело-краделе нафта во рудникот Брод-Гнеотино, пребрзо возеле 61 возач
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес во 15:46 часот календарски започнува пролетта
- Општина Битола: јавен повик за волонтерски акции
- СВР Битола: 71 годишник физички нападнат, битолчанец физички нападнат од повеќе лица
- Верниците од муслиманска вероисповед од Битола со утринска-бајрамска молитва за Рамазан Бајрам
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 12 степени





