На 05.08.2022 година во 22.05 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола на ул. „Македонски Гемиџии“ лишено е од слобода 32 лице од Прилеп. Тој бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од објект на правно лице. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.
На 07.08.2022 година во СВР Битола е пријавено дека Б.И. (57) од Битола бил физички нападнат од 50 годишно лице од село Загориче, демирхисарско. СВР Битола работи на расчистување на случајот.
На 07.08.2022 година е пријавено дека околу 22.00 часот на ул. „Јосиф Христовски“ во Битола, во неговиот дом е пронајдено починато лице на возраст од 54 години. Од страна на лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. СВР Битола работи на расчистување на настанот.