Синоќа во кино “Манаки“ во Битола беше краткиот филм “Сонети“ кој е инспириран и претставува адаптација на познатите Шекспирови Сонети, како и од животот и делото на самиот Шекспир.
Филмуваната верзија на оваа адаптација се занимава со несовршеноста и ефемерноста на човековата природа, посебно со љубовта како таква од една страна, како и рамнодушноста на природата кон човековите судбини, од друга страна.
Во таа смисла забележителни се прекрасните пејсажи од околината на Битола со дискретни асоцијации за човековата негрижа кон истата, убавина која исчезнува пред нашите очи. Црно- белиот свет само за миг се обојува за повторно да исчезне.
На визуелно поетски начин филмот се обидува линеарно да ја раскаже и да ја открие тајната кому се пишувани овие безвременски стихови.
Токму поради тоа се мешаат и времињата одејќи по работ на фиктивното и сонот.
Во филмот истите се интерпретирани од актерите Соња Михајлова и Петар Горко, камерата и монтажата се на Никола Марковски а музиката на Александар Димовски.
Адаптацијата и режијата ги потпишува Благој Мицевски.
Проектот е поддржан од Општина Битола, КИЦ Битола и Кино Манаки.
Планирано е со англиски превод да има и своја меѓународна проекција на некој “Шекспир фестивал“.

Во Битола промовиран краткиот филм “Сонети“ во адаптација и режија на Благој Мицевски (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола










