Пионерската екипа на Пелистер Волеј не успеа да се пласира во завршницата односно меѓу најдобрите 4 и ќе игра за пласман од 5 до 8 место. Во рамките на пионерската државна лига во вториот 1/4 финален дуел, нашите пионерки не успеаја да се надминат и да надокнадат негатива од 3:0 во првиот натпревар, па така остануваат без пласман меѓу најдобрите четири.
-Иако резултатски гледано во првите два сета Пелистер навистина имаше свои моменти, шансата за подвиг изостана, а големиот број на грешки во приемот како и слабата игра во поле беа причина екипата да не блесни во својот полн сјај. Ова секако дека е екипа со голем потенцијал кој овие девојки несомнено го имаат, но не чека многу напорна работа, рече тренерот на пионерките, Владимир Трифуновски.
Иако пласманот меѓу најдобрите 4 со кадетките и пласманот меѓу најдобрите 8 со младинките и пионерките не можи да се смета за неуспех, сепак кога се работи за младинскиот погон на нашиот клуб на кој сме навикнале на бројни успеси, ова е само релативно добра сезона, истакнуваат од Пелистер Волеј.
[ngg src=”galleries” ids=”1460″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ order_by=”filename”]











